Шон Дајч официјално ги презеде „Шумарите“

Шон Дајч официјално ги презеде „Шумарите“

пред 9 часа

Нотингем Форест го назначи поранешниот менаџер на Барнли и Евертон за свој нов главен тренер. Шон Дајч (54) го наследи Ангелос Постекоглу во Форест, кој беше отпуштен пред неколку дена по скромните резултати оваа сезона. Дајч потпиша договор со „Шумарите“ до 2027 година.

Шон Дајч е третиот тренер кој ќе го предводи Нотингем Форест од стартот на сезоната.

Постекоглу беше отпуштен по само 39 дена, а последната капка беше поразот од Челзи со 3:0 на „Сити Граунд“. Со само 4 освоени бода од првите шест кола, тоа беше најлошиот почеток на сезоната во историјата на Нотингем ако зборуваме за Премиер лигата. Пред Постекоглу, отказ доби Нуно Еспирито Санто, тој замина поради несогласувањата со сопственикот на клубот.

Поранешниот менаџер на Барнли, Евертон и Вотфорд ќе има шанса да дебитира за својот нов клуб во четврток кога ќе се соочат со Порто во Лига Европа.

Share
Scroll to Top