Шоу на Крис Вуд во Њукалс

Шоу на Крис Вуд во Њукалс

пред 9 месеци

Нотингем форест го декласира Њукасл во првиот натпревар од денешната програма во Премиер лигата. На „Сент Џејмс парк“ на Њукасл му пресуди поранешниот фудбалер Крис Вуд.

Репрезентативецот на Нов Зеланд, во интервал од 14 минути постигна хет-трик. Со голот во првата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме ја поништи предноста на Њукасл. Александер Исак на „страчките“ им донесе водство во 23.минута од пенал.

Вуд вториот гол го постигна во 53., а судбината на Њукасл ја запечати во 60.минута.

Шпекулациите во Англија говорат дека до крајот на денот менаџерот на Њукасл, Еди Хау ќе добие отказ.

По 19 рунди, Њукасл веќе има осум порази. За споредба минатата сезона „страчките“ загубија само пет натпревари. Њукасл се седми на табелата со 29 поени, а „шумарите“ по четвртата победа дојдоа до 17 бода и 16. на табелата.

Share
Scroll to Top