Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон (45) почина од повредите здобиени по несреќа на втората етапа на релито Дакар.
На 8 јануари, Фалкон падна од својот мотоцикл, во финишот на етапата од Ал Хенакија до Ал Дувадими и се здоби со тешка повреда на главата.
По укажаната прва помош, Фалкон бил однесен во болница каде му бил констатиран церебрален едем, кој предизвикал кома, како и фрактура на ‘рбетот, пет ребра, клучната коска и левиот зглоб.
„Во понеделникот, на 15 јануари, Карлес не напушти. Лекарите потврдија дека невролошката штета предизвикана од срцевиот удар во моментот на несреќата е неповратна. Карлес беше насмеана личност, секогаш активна, која страсно уживаше во се што правеше. Не остави да направиме нешто што беше негов сон, да учествуваме на Дакар. Уживаше и беше среќен на својот мотор. Мора да го паметиме по неговата насмевка и среќата што им ја донесе на сите“, се вели во соопштението на тимот.