Шредер и Вагнер не дозволија изненадување – Германија ќе се бори за златото на ЕП

Шредер и Вагнер не дозволија изненадување – Германија ќе се бори за златото на ЕП

пред 6 часа

Актуелните светски шампиони, репрезентативците на Германија, први изборија пласман во финалето на Европското првенство. Германија, во првото полуфинале на 42. Евробаскет, ја победија Финска 98:86 (30: 26, 31:21, 20:26, 17:13).

Германците беа фаворити пред дуелот со најпријатното изненадување на првенството и таа улога во целост ја оправдаа.

Финците добро отворија водеа со 12:4 и 18:11, потоа Германците направија серија 0:11, ја презедоа контролата врз натпреварот, а полувремето го заврши со постигнати 61 поен.

Имаа Германците неколку пати предност и од 19 поени, но Финците одбиваа да се предадат, дојдоа во финишот на третиот период на негатива од шест поени, а во последната четвртина се влезе со предност од осум поени за Германија.

Финците во решавачкиот период промашија се што можеа, постигнаа само два поени во првите четири минути, не блескаа ниту Германците, но барем ја одржуваа двоцифрената разлика.

Финците имаа повеќе скокови (38-35), Германија имаше четири асистенции повеќе (23-19), Германците погодија три тројки повеќе (14-11), од 33 обиди колку што имаа и Финците. Повторно в очи паѓа односот на слободните фрлања и повотрно е во корист на Германија (31-18).

На крајот заслужен триумф на Германците кои в недела ќе се борат за своето второ злато кога станува збор за континеталните шампионати. Противник ќе им биде победникот од натпреварот меѓу Грција и Турција.

Денис Шредер со 26 поени, 12 асистенции и четири скока ја предводеше Германија. Франц Вагнер 20 од 22 поени постигна во првото полувреме.

Кај Финска се истакнаа Оливие Енкамуа со 21 поен и девет скока, односно Лаури Марканен со 16 поени и осум скока.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top