Што видовме на ЕУРО 2024

Што видовме на ЕУРО 2024

пред 5 месеци

Заврши групната фаза на Европското првенство во Германија а од утре го очекуваме стартот на нокаут фазата.

Досегашниот тек на турнирот ни понуди многу неочекувани резултати, убави голови, ВАР интервенции и речиси рекорден број автоголови.

Ако ја исклучиме Србија која постигна убедливо најмалку голови на целиот турнир (само еден), од оние селекции кои се пласираа во осминафиналето, селекцијата на „трите лава“ покажа најмалку. Барем во споредба со она што се очекуваше од неа.

Избраниците на Герет Саутгејт успеаа да го освојат првото место во најнеефикасната група во историјата на Европското првенство, во кое Србија беше најлоша.

Кога сме кај головите на големите фаворити: Германија постигна дури осум гола, од кои пет во првото коло против Шкотска. Германците упатија дури 57 удари кон голот на ривалот и затоа се најдобри досега во првенството.

Пред три години, на Европското првенство кое се играше низ целиот континент, играчите забележаа осум гола во сопствената мрежа.

На ЕУРО 2020 имаше вкупно 11 автоголови, ќе видиме дали ќе ја достигнеме таа бројка до крајот на турнирот.

Share
Scroll to Top