Ѓасула на уникатен начин влезе во фудбалската историја

Ѓасула на уникатен начин влезе во фудбалската историја

пред 4 месеци

Албанскиот фудбалер, Клаус Ѓасула, влезе во историјата на европските и светските првенства. Ѓасула беше актер на еден од највозбудливите натпревари одиграни досега на Европското првенство.

Ѓасула на теренот влезе во второто полувреме, по сплет на несреќни околности со постигна автогол во 76.минута. Со тој автогол Хрватска поведе против Албанија со 2:1, но токму Ѓасула во 95.минута го поништи водството на Хрватите и обезбеди бод за својата репрезентација.

Статистичарите издвоија необична информација. Ѓасула на вчерашниот натпревар стана првиот играч во историјата на европските и светските првенства кој во игра влегол од клупата за резерви и постигнал автогол и гол.

Share
Scroll to Top