Ѓоковиќ го стигна Федерер – 310 недели е на чело на АТП листата

Ѓоковиќ го стигна Федерер – 310 недели е на чело на АТП листата

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ ја започна 310 недела на челната позиција на АТП листата. Српскиот тенисер го израмни рекордот на Роџер Федерер, а од наредниот понеделник, тој ќе стане апсолутен рекордер.

Новак Ѓоковиќ, прв пат во кариерата стана светски број 1 на 4.јули 2011 година. Потоа уште четири пати се враќаше на првото место. Шест пат во кариерата годината ја завршувал на првото место, овој рекорд го дели со својот идол Пит Сампрас.

Како светски број 1, Ѓоковиќ има скор од 387 победи и 53 порази, вклучувајќи 117 победи и 30 порази против ривалите од Топ 10.

На првата позиција Ѓоковиќ има 12.030 поени, на второто место е Рафаел Надал со 9.850.

Во Топ 10 се Данил Медведев, Доминик Тим, Роџер Федерер, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Share
Scroll to Top