Новак Ѓоковиќ, петтиот тенисер на АТП листата, се врати на терените по Мастерсот во Шангај, поточно на турнирот од серијата АТП 250 во Атина. Ѓоковиќ во неговиот прв меч во грчката престолнина го победи Чилеанецот Алехандро Табило (89-ти на АТП листата) со 7:6 (3), 6:1.
Ѓоковиќ прв пат во кариерата го победи Табило, откако претходно без да освои сет, загуби од 28-годишниот Чилеанец во Рим во мај минатата година, а една година подоцна во Монте Карло.
Овој податок се почувствува во првиот сет, кога Ѓоковиќ се мачеше со Табило. Новак мораше да го реши во тај-брејк, а 38-годишниот Србин започна со 3:0, а потоа уште еден мини брејк му беше доволен да го освои сетот.
Вториот сет беше еднонасочна улица, откако Ѓоковиќ во првиот гем спаси брејк топка. Српскиот тенисер експресно направи два брејка и лесно го затвори сетото со 6:1.
Ѓоковиќ ќе има ден за одмор, а во следното коло ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Елиот Спичири (САД, АТП 96) и Нуно Борхес (Португалија, АТП 47).
Foto/ EPA






