Ѓоковиќ ја запиша 100. победа на Роланд Гарос и со рекорд се пласира во четвртфиналето

Ѓоковиќ ја запиша 100. победа на Роланд Гарос и со рекорд се пласира во четвртфиналето

пред 2 дена

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, уште еднаш ја испиша историјата на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос со јубилејната 100. победа на Гренд слемот во Париз. Го победи Камерон Нори сд 3:0. По сетови, српскиот тенисер победи со 6:2, 6:3, 6:2 за два часа и 15 минути игра.

По натпреварот, тој на теренот изјави дека негова цел е титулата.

Ѓоковиќ стана најстариот тенисер кој стигнал до четвртфиналето на Ролан Гарос уште од 1971 година.

Новак Ѓоковиќ има 38 години.

За прв пат во својата кариера, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до 100 победи на еден Гренд Слем.

Рекордерот сè уште е Рафаел Надал со 112 победи, и во Париз и воопшто на Гренд слем турнирите.

Помеѓу Новак и Рафа е Роџер Федерер, кој ја премина магичната бројка во два наврати.

Тој има 102 победи на Отвореното првенство на Австралија и 105 на Вимблдон.

Интересно на Австралија опен, каде што освои 10 трофеи, Ѓоковиќ има 99 победи.

Share
Scroll to Top