Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, ќе биде доделена на 26.октомври во Лондон. Кандидати има неколку од Хари Кејн, преку Хвича Кварацхелија, Ламин Јамал, Килијан Мбапе…
Јасно е дека лобирањето има голема улога во конечната одлука, на оние кои го даваат својот глас за најдобар фудбалер во светот.
Она што не се случуваше изминатите години, оваа е многу актуелно. Кандидатите отворено лобираат. Во саботата, во големо интервју за „Лекип“, Килијан Мбапе, рече дека никој немал сезона каква што имал тој, а истото го мисли и Ламин Јамал. Логично тој мисли дека ја заслужил наградата.
„Килијан Мбапе и јас сме најдобрите двајца играчи во светот. Но, оваа година верувам дека заслужувам да ја освојам Златната топка“, рече Јамал.
Иако е сè уште многу млад, фудбалерот на Барселона веќе има став на играч кој сака да остави свој белег во историјата. За него, она што го направи досега не е доволно за да биде задоволен, а особено има чувство дека можеше да направи уште повеќе на најголемата репрезентативна сцена.
„За некој друг играч, мојот настап на Светското првенство би бил одличен, но не и за мене“, рече Јамал.
Токму затоа тој веќе размислува за следното Светско првенство и не крие колку сака нова можност.
„Навистина сакам следното да дојде“, додаде младиот Шпанец, јасно алудирајќи на следното Светско првенство.
Јамал чувствува дека неговата приказна е различна во многу аспекти од сè што сме виделе досега. Тој е свесен дека Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Диего Марадона ја обележале фудбалската историја, но верува дека она што го прави на негови години е речиси без преседан.
„Постојат историски играчи како Меси, Кристијано и Марадона, но не мислам дека некогаш се случило некој да освои толку многу на толку рана возраст“, рече тој.
Foto/ Depositphotos






