Јанис ги среди Финикс – Милвоки намалија на 2:1

Јанис ги среди Финикс – Милвоки намалија на 2:1

пред 3 години

Милвоки Бакс победија во третиот меч од финалната серија со Финикс Санс 120:100 и го намалија резултатот на 1:2.

Милвоки доминираа во скокот, во поените од втора шанса (20:2), клуч за победата беше предноста која ја стекнаа во втората четвртина. Во третата, Санас успеаја да се доближат, нивниот напад го одби Јанис Адетокумбо.

Гркот стана првиот играч по Шекил О’Нил кој во големото финале, на два натпревари по ред постигнал преку 40 поени. Прв на таа листа е Мајкл Џордан со четири такви натпревари во низа.

„Јас не сум Мајкл Џордан“, рекол Јанис кога му го соопштиле тој податок.

Адетокумбо забележа 41 поен, 13 скокови и шест асистенции. За разлика од вториот натпревар, Јанис на домашен терен доби поддршка од соиграчите, Џру Холидеј постигна 21, Крис Мидлтон 18, а Боби Портис и Брук Лопез по 11 поени.

Финикс го предводеа Крис Пол со 23, Диандре Џордан и Џе Краудер со по 18 поени. Потфрли Девин Букер со само 10 поени.

Четвртиот натпревар се игра во четврток, во 3 часот по македонско време.



Share
Scroll to Top