Јирген Клоп во Ред Бул

Јирген Клоп во Ред Бул

пред 11 часа

По заминувањето од Ливерпул, германскиот тренер Јирген Клоп најде нова работа. Во наредниот период тој ќе биде директор за глобален фудбал во Ред Бул.

Трофејниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул официјално ќе почне да работи на новата функција од 2025.

Клуп беше без ангажман од 30.јуни кога му заврши договорот со Ливерпул.

Јирген Клоп ќе биде на чело на сите клубови од групацијата Ред Бул, кои се насекаде низ светот.

Меѓу нив се Лајпциг, Салцбург, Лидс, како најпознати во Европа и Њујорк во МЛС лигата и бразилскиот Брагантино.

Голема работа на оваа позиција своевремено заврши легендарниот Ралф Рангник, актуелниот селектор на Австрија и идол на Клоп.

Share
Scroll to Top