Јовиќ против Нексе ќе дебитира на клупата на Еурофарм Пелистер

Јовиќ против Нексе ќе дебитира на клупата на Еурофарм Пелистер

пред 2 години

Ракометарите на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер вечерва (18 часот) на домашен терен ќе го пречекаат хрватскиот тим Нексе во натпревар од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

По промените во стручниот штаб, Александар Јовиќ ќе дебитира на клупата на првиот тим на Еурофарм Пелистер, а советник е Звонко Шундовски.

„Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барама лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата“, изјави Јовиќ.

Гоце Ојлески очекува една нова енергија во тимот на Еурофарм Пелистер.

„Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат“, истакна Ојлески.

Share
Scroll to Top