Јуве е најгледаниот италијански клуб пред Милан и Интер

Јуве е најгледаниот италијански клуб пред Милан и Интер

пред 2 години

Јувентус се најгледаниот клуб во Серија А оваа сезона според податоците кои ги објави дистрибутерот „ДАЗН“, победувајќи ги Милан и Интер.

Вкупно 34.999.768 гледачи ги следеле лигашките мечеви на „старата дама“ оваа сезона со фантастичен просек од 1.296.288 гледачи по натпревар. Милан се единствениот друг клуб со над милион гледачи по меч со 29.198.532 гледачи или 1.081.427 по натпревар.

Третото место оди кај Интер со 995.089 гледачи по натпревар, победувајќи ги Рома на Жозе Мурињо со 933.389 гледачи по натпревар, додека апсолутните доминатори во лигата, Наполи се само петти со 932.405 гледачи по натпревар. Во топ 10 уште се и Лацио, Аталанта, Фиорентина, Торино и Сампдорија.

На другата страна, Емполи се најмалку популарниот тим за гледање, зад Хелас Верона и Специја.

Share
Scroll to Top