Јувентус со пресврт го доби градското дерби

пред 4 години

Јувентус со пресврт славеа над градскиот ривал Торино со 2.1. Тимот на Андреа Пирло повторно не блескаше, но за тренерот е најважно што забележа победа.

Торино постигнаа гол во деветтата минута, кога лошата реакција во одбраната на Јувентус ја искористи Николас Нколу. Неколку минути подоцна Симоне Заза беше во „мртва шанса“, меѓутоа Војчех Шчесни го одбрани неговиот удар.

Торино предноста ја чуваа до 77.минута, кога по нафрлувањето на Квадрадо, Вестон Мекени постигна гол. За Американецот ова беше прв гол во дресот на Јувентус.

Пресвртот на Јуве го комплетираше капитенот Леонардо Бонучи во 89.минута.



Share
Scroll to Top