Јунајтед во Мадрид најдоа напаѓач – Куња се сели на „Олд Трафорд“

Јунајтед во Мадрид најдоа напаѓач – Куња се сели на „Олд Трафорд“

пред 2 години

Матеус Куња, Бразилецот од Атлетико Мадрид, ќе ги решава напаѓачките проблеми кои го има на почетокот на сезоната Манчестер јунајтед. „Talksport“, тврди дека клубовите се договориле и дека трансферот е блиску до реализација.

Атлетико ќе заработи сериозна сума од трансферот на Куња. Јунајтед биле подготвени да платата 50.000.000 евра. Минатото лето „јорганџиите“ за Куња на Херта и платија 26.000.000 евра.

Репрезентативецот на Бразил во првата сезона за Атлетико одигра 37 натпревари, најчесто влегуваше како резерва и постигна 14 голови.

Овој 23-годишен Јужноамериканец пристигна во Европа на само 18 години, во швајцарски Сион, а по само една сезона замина во РБ Лајпциг за 15.000.000 евра. Две години подоцна Херта за него издвои 18.000.000 евра.

Британските медиуми пишуваа дека овој трансфер е показател дека Кристијано Роналдо дефинитивно го напушта клубот.

Share
Scroll to Top