Манчестер јунајтед стигна до 3:1 победа над Евертон пред домашна публика во третото коло на англискиот ФА куп, продолжувајќи ја успешната серија на менаџерот Ерик Тен Хаг, иако голманот Давид де Хеа и нестабилната одбрана направија триумфот да биде потежок од очекуваното.
Маркус Рашфорд ја потврди одличната форма во која се наоѓа, кога веќе во петтата минута од мечот во една опасна ситуација пред противничкиот гол да му асистира на Антони за 1:0. Меѓутоа, веќе во 14. минута, студен туш за фановите на „Олд Трафорд“, кога по една на изглед не толку опасна шанса, Конор Коуди ја протна топката во голот по невројатната реакција на Давид де Хеа.
„Ѓаволите“ се мачеа да ги сопрат контранападите на гостите, а во исто време Евертон на голот го имаше фантастичниот Џордан Пикфорд, така што за гол се чекаше до 52. минута, кога стрелецот на израмнувачкиот гол, Коуди овојпат си ја смести топката комично во сопствениот гол. Јунајтед имаа среќа во 74. минута, кога Доминик Калверт-Луин постигна гол, но тој беше поништен поради минимален офсајд во раниот тек на нападот.
Точка на мечот стави Рашфорд, најаслужниот за победата, откако во 95. минута беше досуден пенал, а Рашфорд беше прецизен од белата точка за свој прв гол против Евертон во 11 меча против ривалите од Ливерпул.
Put on a plate 🍽@MarcusRashford does brilliantly to assist @antony00, who slides in for @ManUtd! 😮💨#EmiratesFACup pic.twitter.com/rBzpdnSpfT
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 6, 2023
Bundled home by Conor Coady for @Everton 😬#EmiratesFACup pic.twitter.com/qUf7r3fztT
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 6, 2023
😮💨 @MarcusRashford is causing 𝙨𝙚𝙧𝙞𝙤𝙪𝙨 problems ⚡️#EmiratesFACup pic.twitter.com/AtkAfya484
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 6, 2023