Јунајтед им порача на двајцата најискусни да си одат во јануари

Јунајтед им порача на двајцата најискусни да си одат во јануари

пред 1 ден

Манчестер јунајтед уште една сезона започна лошо. Ерик Тен Хаг е постојана мета на критики, исто како и некои фудбалери. По синоќешното реми со Твенте (1:1) во Лига европа, медиумите објавија дека клубот има намера да се ослободи од двајцата играчи во јануарскиот преоден рок.

Кристијан Ериксен и Касемиро, најискусните имаат дозвола од клубот да си заминат во јануари. Ериксен не е на нивото на кое беше пред неколку години и тоа е очигледно. Синоќа беше трагичар, откако постигна гол за 1:0, тој направи грешка по која Твенте изедначи.

Слична е ситуацијата и со Касемиро. Бразилецот е бледа сенка на играчот кој беше во Реал Мадрид, па Јунајтед би барал нови засилувања на таа позиција.

Дефанзивен играч за врска е Мануел Угарте, кој се уште не е во полна сила, па клубот од северот на. Англија има сериозни кадровски проблеми на таа позиција.

Share
Scroll to Top