Јунајтед испрати понуда за напаѓачот на Брентфорд

Јунајтед испрати понуда за напаѓачот на Брентфорд

пред 2 дена

Челниците на Манчестер јунајтед испратиле официјална понуда за напаѓачот на Брентфорд, Брајан Мбеумо.

„Скај Спортс“, објави дека Јунајтед понудил 45 милиони фунти во кешплус 10 милиони фунти бонуси. Се очекува Брентфорд да ја отфрли понудата. Клубот бара 60 милиони фунти.

Разговорите се очекува да се одржат оваа недела откако Јунајтед доби индикации дека Мбеумо е заинтересиран да се пресели на Олд Трафорд.

Тој постигна 20 гола во Премиер лигата минатата сезона.

Клубот од Манчестер го реализира транаферот на Матеус Куња од Вулверхемптон за 62,5 милиони фунти.

Share
Scroll to Top