Џака: Не спиев до 8 часот наутро, српските репрезентативци беа коректни

Џака: Не спиев до 8 часот наутро, српските репрезентативци беа коректни

пред 2 месеци

Капитенот на швајцарската репрезентација Гранит Џака се уште зборува за поразот од Србија во третото коло од Лигата на нации. На дуелот одигран во Лесковац, Србија победи со 2:0.

Гранит Џака за швајцарски РТС зборуваше за претходните натпревари од Лигата на нации во кои Швајцарија беше поразена од Србија и ремизираше со Данска (2:2) и призна дека не можел да заспие по поразот во Лесковац.

„Ќе бидам искрен, не спиев до осум часот наутро. Тоа беше натпревар со многу емоции. Како и да е, секогаш имам проблем да заспијам после натпревар, особено ако загубиме. Инаку, јас сум многу самокритичен, гледам што направив добро, а што не“, изјави Џака.

Проговори и за атмосферата на трибините на стадионот во Лесковац.

„Би бил изненаден да беше поинаку, но морам да кажам дека играчите на Србија беа многу коректни. Се однесував професионално и позитивно. Само се надевав на поинаков исход од натпреварот“.

Србија на 15 ноември во Цирих и гостува на Швајцарија во петтото коло во меч кој ќе биде многу важен за двете репрезентации, кои се борат за опстанок во А дивизијата.

Share
Scroll to Top