Џирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во ЛШ

Џирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во ЛШ

пред 8 месеци

Конзорциумот „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на Манчестер сити, ќе мора да го намали својот удел во шпанскиот прволигаш Џирона со цел каталонскиот клуб следната сезона да се натпреварува во Лигата на шампионите за прв пат во својата историја, објави УЕФА.

Џирона, 47 отсто во сопственост на „Сити Груп“ од 2017 година.

На почетокот на сезоната во Џирона беа убедени дека ги следат правилата на УЕФА бидејќи конзорциумот од Емиратите нема мнозински удел.

Но, според писмото од Телото за финансиска контрола на клубовите (ЦФЦБ) на УЕФА, доволно е субјектот „да поседува 30 проценти или повеќе од капиталот на клубот или правата на глас“, или дури и само 10 проценти ако е негов главен акционер.

За да можат Манчестер Сити и Џирона да се натпреваруваат заедно во Лигата на шампионите, „Сити Груп“ ќе мора да го намали својот удел во каталонскиот клуб до 3 јуни, крајниот рок што го постави УЕФА.

Со цел да се избегне избрзана продажба на акции, што би била и економски неповолна, писмото на ЦФЦБ сепак им нуди на клубовите привремена опција, ограничена на претстојната сезона: трансфер на акции во фонд за доверба без права на инспекција, под контрола на УЕФА.

Минатата година, истото правило за повеќекратна сопственост доведе до три случаи против Тулуз и Милан, Астон Вила и португалскиот клуб Виторија, како и Брајтон (Англија) и Унион Сент Жилоа (Белгија).

УЕФА конечно ги затвори трите досиеја по „значајните промени“ во тие клубови за да го ограничи влијанието на нивните инвеститори.

Share
Scroll to Top