„Џокерот“ на Мурињо не дозволи кикс на Реал Мадрид

„Џокерот“ на Мурињо не дозволи кикс на Реал Мадрид

пред 48 минути

Реал Мадрид и Селта се соочија на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во натпреварот од 13-то коло на шпанската Ла Лига.

Гостите влегоа во натпреварот како аутсајдери, но сепак му го зададоа првиот удар на Реал. Поведоа во шестата минута со голот на Пабло Дуран.

Тимот од Виго одигра одлична брза акција, која ја исфрли целата одбрана на Реал од игра во неколку потези. На крајот, Вилот Сведберг центрираше од левата страна, а Дуран се најде сам пред голот и ја смести топката во мрежата од непосредна близина. За Селта, ова беше првиот гол по три натпревари без гол.

Реал имаше најголема шанса за израмнување во 39-та минута. Килијан Мбапе изведе пенал, но го промаши голот.

Во второто полувреме, Винисиус влезе од клупата и набрзо даде голем придонес. Во 71-та минута, тој започна контранапад на Реал, Мбапе ја остави топката за Белингам на работ од шеснаесетникот. Англичанецот постигна брилијантен гол за 1:1.

Винисиус му асистираше на Карлос Еспи за голот во 85-та минута. Напаѓачот кој пристигна од Леванте минатото лето повторно беше херој на Реал. Тој влезе во игра во 78-та минута наместо Едуардо Камавинга. Ова беше четврти пат, Еспи оваа сезона да му донесе победа на Реал во последните моменти од натпреварот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top