Џош Стоунс е пред трансфер во Интер

Џош Стоунс е пред трансфер во Интер

пред 7 часа

Џон Стоунс е во финални преговори со Интер. Англискиот дефанзивец е слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Сити на крајот на јуни. Бројни европски клубови, вклучувајќи ги Челзи и Јувентус, покажаа интерес за 32-годишниот стопер.

Сепак, италијанскиот шампион во моментов е најблиску до неговиот потпис по разговорот со играчот.

Интер наводно му понудил двегодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона.

Стоунс пристигна во Манчестер Сити од Евертон во 2016 година за околу 56 милиони евра. Тој одигра 295 натпревари за англискиот клуб и освои голем број трофеи. Со Сити, тој беше шест пати шампион на Англија, а исто така ја освои Лигата на шампионите, два ФА купа, пет Лига купа, три Комјунити шилдс, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.

Пред Евертон, тој играше за Барнсли, во чија академија ја започна својата кариера.

Тој одигра 93 натпревари за англиската репрезентација. Беше и член на тимот што го освои третото место на Светското првенство.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top