Австрискиот канцелар Карл Нехамер ги повика лидерите на ЕУ да не го заборават Западен Балкан за време на денешните разговори на самитот во Брисел, чија главна тема е војната во Украина.
„Потребни ни се мерки за да спречиме Западен Балкан да стане дел од сферата на влијание на Руската Федерација и другите големи сили како Кина“, рече Нехамер.
Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, што се одржува денеска и утре во Брисел, австрискиот канцелар оцени дека ембаргото за гас, но и нафта од Русија во моментов не е реална опција.