Австрија од април воведува „зелен пасош“

пред 4 години

Додека Европската комисија сака да го воведе новиот дигитален сертификат за коронавирус до 1 јуни, Австрија го забрза процесот за воведување на таканаречениот „зелен пасош“, што сака да го воведе во април.

Австрија сака да има документ во април кој ќе содржи доказ за вакцинација, негативен тест или прележана зараза. Во наредните денови ќе се работи на правната рамка за спроведување на проектот под работен наслов „зелен пасош“, одлучено е на денешната владина седница.

Тој пасош треба да им овозможи на луѓето слободно да патуваат. Австрија, која е земја чија економија, меѓу другото, многу се потпира на туризмот, иницираше воведување пасоши во ЕУ, односно сертификати што ќе овозможат повторно воспоставување на слободата на патување.

Share
Scroll to Top