Австрија прогласи троднвена жалост поради терористичкиот напад

пред 7 месеци

Австриската влада прогласи тридневна жалост по терористичкиот напад синоќа во Виена, во кој беа убиени четири лица, а од целиот свет пристигнуваат пораки за поддршка и сочувство, пренесуваат новинските агенции.

„Нашите мисли и сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства во овие многу тешки часови за Република Австрија“, рече канцеларот Себастијан Курц пред седницата на владата.

Две жени и двајца мажи ги загубија своите животи во терористички напад во центарот на Виена, а убиен е и еден од напаѓачите. Петнаесет лица се повредени, од кои седум се во животна опасност.

По терористичкиот чин, пораките за поддршка и сочувство од целиот свет продолжуваат да пристигнуваат во Австрија.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е шокирана од нападот во центарот на Виена и дека Германија изразила сочувство до соседна Австрија и е со неа во борбата против „исламистичкиот тероризам“.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека „Европа силно го осудува овој кукавички чин кој не го почитува животот и ги крши нашите човечки вредности … Ние сме со Австрија“.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така го осуди нападот во Виена и рече дека Русија е подготвена да ја засили антитерористичката соработка со Австрија.

Во телеграмата испратена до австрискиот канцелар Себастијан Курц, Путин го нарече нападот „сурово и цинично злосторство.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, исто така, остро го осуди нападот.

„Со сериозна загриженост го следев нападот во Виена, едно од нашите седишта на ООН. Силно го осудувам нападот и ја потврдувам солидарноста на ООН со народот и владата на Австрија“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е шокиран и дека Велика Британија е обединета со австрискиот народ.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го осуди терористички акт, нагласувајќи дека „злобните напади“ мора да престанат.

„Соединетите држави стојат заедно со Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламистички терористи“, напиша актуелниот претседател и републикански кандидат пред изборите. „Овие напади на злото врз невините мора да престанат“, додаде тој.

Се огласи и кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден, кој ги осуди „ужасните терористички напади“.

„Сите мора да се спротивставиме на омразата и насилството“, рече Бајден.

Осуда за нападот изрази и премиерот Зоран Заев кој изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Шокантни вести пристигнуваат од Виена, во време кога треба да стоиме обединети и да градиме солидарност. Јас силно ги осудувам терористичките напади и секое дело на насилство. Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, луѓето во Виена и мојот пријател Себастијан Курц“, напиша Заев на Твитер.

Share

AnimeTV www2 anime tv: Watch SK8 the Infinity Episode 2

4Anime websites like 4anime: SK8 the Infinity Episode 12

Scroll to Top