Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја смени веб-страницата на Белата куќа, а на неа на насловната е фотографијата на Трамп со порака „Америка се врати“.
Сајтот беше ажуриран додека Трамп го држеше своето инаугуративно обраќање и веднаш ја отстрани претходната администрација на Бајден-Харис.
Американскиот портал Washington Examiner ја објави веста со коментар дека веб-страницата на Белата куќа секогаш се менува со промените.
Поранешниот претседател на САД, Џозеф Бајден, по инаугурацијата на Доналд Трамп како 47. претседател на државата објави дека ја напушта функцијата, но не и битката.
По слетувањето во воената база Ендрјус во Мериленд, тој рече дека има уште многу да направи, а потоа се прекрсти, пренесува ABC News. Поранешниот претседател ги повика своите вработени да останат „ангажирани“, било во јавниот или приватниот сектор или во академската заедница.
Текстот Администрацијата на Трамп го отстрани Бајден од веб-страницата на Белата куќа: Америка се враќа е превземен од МАКФАКС.