Албанија од денеска ги укинува ограничувањата кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во таа земја, пренесуваат агенциите.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од денеска за влез во Албанија не е потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, негативен тест или потврда за прележан коронавирус, пишува „ABC News“.
Ноќните клубови повторно се отворени во Албанија, а забраната за емитување музика по 23 часот е укината.
Укината е и обврската за носење маска, но на сила останува препораката за носење маска во затворени простории, пишува медиумот.