Американската морнарица воведува целосна блокада на Иран: најавени упади и заплени на бродови

Американската морнарица воведува целосна блокада на Иран: најавени упади и заплени на бродови

пред 5 часа

Американската војска ќе воведе поморска блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море, источно од Ормускиот теснец, која ќе се однесува на целиот поморски сообраќај без разлика на знамето на бродовите, пренесува Ројтерс.

Според соопштението на Централната команда на САД за Блискиот Исток, Центком, бродовите што без одобрение ќе влезат или излезат од блокираната зона ќе бидат изложени на „пресретнување, пренасочување и заплена“. Блокадата стапува на сила во 16 часот.

Се наведува дека блокадата го опфаќа „целиот ирански брег“, вклучително и пристаништата и нафтените терминали.

Во соопштението се додава дека преминот низ Ормускиот теснец ќе биде дозволен за неутрални бродови, доколку не се движат кон ирански дестинации.

Американската војска наведува дека хуманитарните пратки, како храна и лекови, ќе бидат дозволени, но подлежат на задолжителни инспекции.

Одлуката за блокадата дополнително ги зголемува тензиите во регионот, во време на интензивирање на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Фото: Depositphotos

Текстот Американската морнарица воведува целосна блокада на Иран: најавени упади и заплени на бродови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top