Сите четворица членови на екипажот на американски воен авион, кој се урна на северот на Норвешка, загинале, соопшти денеска локалната полиција.
Авионот „в-22 оспри“, кој припаѓал на американскиот марински корпус, учествувал во вежбата на НАТО „Студен одговор“, кога се урнал, преснесува „Ројтерс“.
Од центарот за спасување претходно за агенцијата изјавиле дека исчезнувањето на авионот било пријавено околу 18.30 часот.