Американски дипломат притворен во Истанбул поради продажба на пасош

пред 3 години

Турската полиција во Истанбул уапси американски дипломат од Либан, кој е обвинет дека продал лажен пасош на сириски државјанин за 10.000 долари.

Во соопштението на полицијата во Истанбул се наведува дека осомничениот, дипломат од американскиот конзулат во Бејрут, е уапсен поради инцидентот што се случил на 11 ноември на аеродромот во Истанбул, кога сириски државјанин се обидел да искористи туѓ пасош за патување до Германија.

На снимката од безбедносните камери се гледа дека двајцата осомничени се сретнале на аеродромот, се пресоблекле и дека американскиот дипломат на Сириецот му го дал предметниот пасош, јавува „Анадолија“.

Кај дипломатот бил пронајден плик од 10.000 долари, како и друг пасош на негово име.

Сирискиот државјанин се соочува со обвинувања за фалсификување, но до судењето е пуштен на слобода, додека на американскиот дипломат му е одредена мерка притвор.

Share
Scroll to Top