Андерсон: Шведска сериозно ја сфаќа загриженоста на Турција

пред 2 години

Шведска „многу сериозно ја сфаќа“ загриженоста на Турција во врска со барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, изјави шведската премиерка Магдалена Андерсон, јавува Анадолија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Андерсон на заедничката прес-конференција по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека и Шведска и Финска ќе обезбедат безбедност за регионот и НАТО како целина, вклучително и Турција.

Столтенберг во своето обраќање рече дека е неопходно да се обрне внимание на безбедносните проблеми на сите сојузници во НАТО. Шефот на НАТО, исто така, рече дека Андерсон ја потврдила подготвеноста на шведската влада да одговори на загриженоста на Турција. Запрашан за разговорите меѓу Шведска, Финска, Турција и НАТО, Столтенберг рече дека не сака да зборува премногу за деталите.

– Мислам дека не би било од голема помош доколку навлегувам во деталите од тие разговори. Тие посочуваат дека Шведска и Финска се подготвени на конкретен начин да ги решат проблемите поврзани со тероризмот – рече Столтенберг.

Потсетуваме, Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, што е одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари. Турција, долгогодишна членка на алијансата, се спротивстави на нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги тие земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи како ЈПГ/ПКК и ФЕТО, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top