Бајден бара да се удвојат напорите во истрагата за потеклото на вирусот

пред 4 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска побара од американските разузнавачки агенции да ги удвојат своите напори во истрагата за потеклото на Ковид-19 и да извршат притисок врз Кина за соработка.

Американската администрација смета дека е важно да се утврди потеклото на пандемијата во која животот го загубија скоро 600 илјади Американци, но исто така признава дека досега е направено малку за да се најдат целосни одговори и дека тоа претставува закана по националната безбедност и јавното здравје во САД.

Претставничката на Белата куќа Џин Псаки недвосмислено изјави дека американската администрација сака да ги добие сите одговори за потеклото на Ковид-19.

„Бараме и во неколку наврати апелиравме до Светската здравствена организација да поддржи експертска истрага за потеклото на пандемијата, која ќе се спроведе без мешање и без политизација. Се надеваме дека по првата истрага на СЗО, тие ќе започнат и втора, која ќе биде потранспарентна и независна“, рече Псаки, истакнувајќи дека и генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус, ја критикувал првата истрага на СЗО во Кина, пренесува „Вашингтон пост“.

Share
Scroll to Top