Бајден и Путин денеска разговараат телефонски – главна тема е руската армија на границата со Украина

пред 3 години

Претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин денеска ќе разговараат телефонски, соопштија Белата куќа и Кремљ.

Белата куќа соопшти дека ќе разговараат за актуелните теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Москва.

Според соопштението, целата администрација на Бајден е вклучена во сеопфатна дипломатија со своите европски сојузници и партнери, консултирајќи и координирајќи заеднички пристап како одговор на военото присуство на Русија на границата со Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков Кремљ во средата потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Тоа е вистина. Телефонскиот разговор на Путин со претседателот на САД е закажан за доцна вечерва – изјави Песков за ТАС С.

Share
Scroll to Top