Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека нема намера еднострано да испраќа американски војници во Украина, соопшти Белата куќа, откако Вашингтон стави во состојба на готовност околу 8.500 војници поради акумулацијата на руски војници на границата со Украина.
„ Само да бидам јасен – нема намери, ниту интерес или желба на претседателот да испрати војници во Украина. НАТО е форум за поддршка на нашите партнери и земјите од источното крило и тоа е фокусот“, се вели во соопштението на Белата куќа, цитирано од „Ројтерс“.