Белата куќа со план – Од ноември вакцинација на деца на возраст од 5 до 11 години

пред 3 години

Децата на возраст од 5 до 11 години во Соединетите Американски Држави наскоро ќе можат да се вакцинираат против „Ковид-19“ во ординацијата на нивниот педијатар, локална аптека, па дури и на училиште, објави денеска Белата куќа, детално планирајќи го очекуваното одобрување на вакцината на „Фајзер“ за таа возраст.

Регулаторите ќе се состанат во следните две недели за да ја анализираат безбедноста и ефективноста на давање мали дози од вакцината против Ковид-19 на приближно 28 милиони американски деца во таа возрасна група, пренесуваат агенциите.

Во рок од неколку часа по формалното одобрување од Управата за храна и лекови (ФДУ), во ноември, милиони дози вакцини ќе почнат да се испорачуваат низ целата земја.

„Го комплетираме оперативното планирање за да се осигураме дека вакцините за деца на возраст од 5 до 11 години се лесно достапни. Ќе бидеме подготвени, до одлуката на ФДУ и ЦДЦ, рече координаторот на Белата куќа за Ковид-19“, Џеф Зејнтс.

Повеќе од 25.000 педијатри и даватели на примарна здравствена заштита веќе потпишаа договори за аплицирање на вакцината на деца, објави Белата куќа.

Покрај ординациите на лекарите и локалните аптеки, најверојатно ќе има и други места каде ќе се вршат имунизации.

Белата куќа подготвува и засилена кампања за едукација на родителите и децата за безбедноста на вакцината и пристапот до истата.

Шест милиони американски деца имале инфекција со Ковид-19 досега, од кои еден милион од почетокот на септември а причина е и ширењето на позаразниот делта-сој на коронавирус.

Share
Scroll to Top