Белгискиот премиер: Ова што се случува во Газа веќе не е пропорционално

Белгискиот премиер: Ова што се случува во Газа веќе не е пропорционално

пред 2 години

Белгискиот премиер Александар Де Кро рече дека „она што се случува денес во Газа повеќе не е пропорционално“.

Тој ја нагласи осудата на белгиската влада за масакрот на 7 октомври од страна на Хамас и правото на Израел да се брани.

„Ако некој бомбардира цел бегалски камп со намера да елиминира еден терорист, тогаш мислам дека тоа повеќе не е пропорционално“, рече тој.

Де Кро додаде дека е сосема логично да се бара решение за Хамас, но прашање е како решението треба да се најде при политички дијалог, пауза во борбите и ослободување на сите заложници.

„Нашата земја не зазема страна. Она што го избираме е крај на насилството и илјадници цивилни жртви“, додаде тој, според белгиските медиуми.

Текстот Белгискиот премиер: Ова што се случува во Газа веќе не е пропорционално е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top