Белорусија во својот кривичен закон воведе смртна казна за „обид за извршување терористички акт“, пренесуваат руските агенции.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Претседателот Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за терористички акт“, пренесува АФП.
Агенциите наведуваат дека цел на оваа казна се и опозиционерите. Се потсетува и дека смртната казна досега се применувала само за лицата кои извршиле терористички напад, а цел на новиот закон се пред се членовите на опозицијата, меѓу кои и лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која моментално е во егзил.
Белорускиот парламент кон крајот на април во две читања го усвои предлог-законот за измена на Кривичниот законик, кој нуди можност за смртна казна во случај на обиди за терористички напади. За законот да стапи на сила во Белорусија, тој мора да биде одобрен од двата дома на парламентот и потпишан од претседателот.
Од масовните протести во 2020 година против авторитарното владеење на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, многу членови на опозицијата беа уапсени и обвинети за обид или подготовка на терористички акт.
Белорусија е последната земја во Европа која употреби смртна казна, а таа се извршува со пукање.