„Билд“: Во Германија договорено продолжување на ограничувањата до 31 јануари

пред 3 години

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на земјите утре ќе разговараат за новите мерки.

Германската влада и 16 сојузни држави се согласија да ги продолжат ограничувачките мерки до 31 јануари со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, објави германскиот весник „Билд“.

Врз основа на ограничувачките мерки што се во сила од 16 декември, училиштата, повеќето продавници, ресторани и барови не работат, објави „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top