Би-би-си му се извини на Трамп

Би-би-си му се извини на Трамп

пред 3 часа

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за погрешно изменетата верзија на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, но рече дека не го клеветиле, отфрлајќи ја основата за неговата закана за тужба од милијарда долари.

Би-би-си соопшти дека претседателот на корпорацијата, Самир Шах, испратил лично писмо до Белата куќа во кое вели дека тој и корпорацијата се извиниле за уредувањето на говорот што Трамп го одржал пред некои од неговите поддржувачи да го нападнат американскиот Капитол додека Конгресот се подготвуваше да ја потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на изборите во 2020 година.

Би-би-си соопшти дека нема планови повторно да го емитува документарецот, кој ги спојува деловите од неговиот говор одржан со разлика од речиси еден час.

„Прифаќаме дека нашето уредување ненамерно создало впечаток дека прикажуваме еден континуиран дел од говорот, наместо извадоци од различни делови од говорот, и дека ова оставило погрешен впечаток дека претседателот Трамп директно повикува на насилни дејствија“, соопшти Би-би-си.

Адвокатот на Трамп испратил писмо до Би-би-си барајќи извинување и се закани дека ќе тужи за 1 милијарда долари за штетата предизвикана од документарецот. Тој ѝ дал рок на Би-би-си до петок да одговори.

Спорот настанал откако емисијата Панорама на Би-би-си, „Трамп: Втора шанса?“, се емитувала неколку дена пред претседателските избори во САД во 2024 година.

Продуцентската куќа што го направила филмот комбинирала три цитати од два дела од говорот во 2021 година, изнесени со разлика од речиси еден час, во она што се чинело дека е еден цитат во кој Трамп ги повикал поддржувачите да маршираат со него и да „се борат како луди“.

Меѓу отстранетите делови беше и еден во кој Трамп рекол дека сака неговите поддржувачи мирно да протестираат.

Генералниот директор Тим Дејви и водителката на вести Дебора Тернес поднесоа оставка во неделата, велејќи дека скандалот ѝ штети на Би-Би-Си. Извинувањето и повлекувањето дојдоа откако Би-би-си призна дека нивната програма „Њузнајт“ за 2022 година, исто така, погрешно ги споила деловите од говорот на Трамп.

фото: принтскрин

Текстот Би-би-си му се извини на Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top