„Блек лајвс медр“ ќе се регистрира како политичка партија во Велика Британија

пред 12 месеци

Групата „Блек лајвс медр“ во понеделникот поднесе официјално барање за регистрација како политичка партија во Обединетото Кралство, потврдувајќи ги сомнежите дека ова екстремно левичарско движење навистина има политички аспирации во Велика Британија и покрај тврдењата дека е непартиско.

БЛМ на 26 октомври поднесе апликација до Изборната комисија за да стане полноправна политичка партија низ цела Велика Британија ако комисијата го прифати барањето. Групата ќе треба да поднесе партиски устав, да плати 150 фунти и да достави логоа пред да биде прифатена.

Како одговор на овој потег, политичкиот коментатор и поранешен професор Калвин Робинсон, кој и самиот е мелез и трпел расистичко малтретирање во минатото заради непреземање левичарски политички позиции – изјави:

„Сега сигурно не може да има сомнеж, БЛМ е политичко движење со политичка агенда. Секој што сè уште протестира под тој знак мора да се приклучи на нивните антибритански принципи“.

Поранешниот европратеник од партијата Брегзит, Мартин Добни, напиша на социјалните мрежи: „Многумина од нас кои рекоа дека тоа е нивната цел, беа отфрлени како екстремисти, но тоа беше неизбежно цело време!“

Движењето БЛМ доживеа процут во Велика Британија по смртта на Џорџ Флојд во САД, организирајќи масовни протести низ целата земја со насилни конфронтации со полицијата. Групата стоеше и зад широко распространетата иконокластичка кампања за рушење и обезличување на статуите на британските историски личности.

Во јуни, во екот на вознемиреноста и хаосот, лидерот на Брегзит, Најџел Фараж, ја опиша БЛМ како „опасна, марксистичка организација, склона кон анархија“.

Портпарол на огранокот на БЛМ во Велика Британија (УКБЛМ) негираше каква било поврзаност или знаење за групата што поднела барање да стане политичка партија, велејќи за „Дејли мејл“: „Ние немаме апсолутно никаква врска или поврзаност, ниту пак некоја група нè информирала за своите намери за формирање политичка партија под името „Блек лајвс медр“. Не сме ние“.

„Ние функционираме како неполитичка, непартиска, ненасилна платформа на БЛМ. Некои содржини објавени на оваа веб-страница може да имаат политички елементи според природата на општеството и државата управувана според системот на демократија; сепак, ние пред сè работиме во сферата на хуманитарен капацитет и грижа“, додаде тој.

Заедничка одлика на протестите на БЛМ во Лондон е постојаното демонизирање на Велика Британија, САД и на западната цивилизација како целина.  Исто така, имаше изблици на расизам кон белците на демонстрациите на БЛМ во британската престолнина.

На протест во јули, ЛГБТ активист од мешана раса рече дека е потребно да се разгледаат проблемите со кои се соочуваат црните луѓе како и проблемите на ЛГБТ низ левичарска призма, за која рече дека значи да се признае дека постои еден заеднички непријател – белиот човек.

„Сите овие групи луѓе, проблемите со кои се соочуваат, сето тоа доаѓа од истите луѓе: белците. Значи, треба да се ослободиме од нив“, рече тој, додавајќи:„ Убијте ги богатите “.

Потегот на БЛМ да се регистрира како политичка партија во Велика Британија најверојатно ќе изврши притисок врз левичарската Лабуристичка партија, која се обиде да се пресели кон политичкиот центар по смената на стариот социјалист Џереми Корбин од лидерската позиција на партијата.

Share

Tokyo Magnitude 8.0 Recap Episode Full

Watch Doraemon the Movie: Nobita's Dorabian Nights Episode Full

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animekisa.in: Watch Licca: Mysterious Magical Ring animekisa Episode 2 anime stream

Deviantart: https://www.deviantart.com/gogoanimebe

Community aodyo: https://community.aodyo.com/user/animefreakws

Scroll to Top