Борел: Не  гледаме светло на крајот од тунелот

Борел: Секој повик за нуклеарна војна е неодговорност

пред 1 година

Секој повик за нуклеарна војна е неодговорност, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја промени руската нуклеарна доктрина, што значи дека отсега Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје.

На прес-конференција во Брисел, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ за одбрана, Борел го осуди секое спомнување на употреба на нуклеарно оружје.

„Не е првпат да се закануваат со нуклеарна ескалација, што е целосно неодговорно. Русија го прифати принципот дека нуклеарна војна не може да се победи и дека никогаш не смее да се води. Секој повик за нуклеарна војна е неодговорен“, рече тој.

Текстот Борел: Секој повик за нуклеарна војна е неодговорност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top