Бразил го прекина испитувањето на кинеската вакцина, забележани несакани ефекти кај волонтерите

пред 4 години

Бразил ја прекина третата фаза од клиничките испитувања на кинеската вакцина „Коронавак“, откако еден волонтер имаше сериозни несакани ефекти, пренесува „Си-ен-ен“.

Третата фаза на клинички испитувања на вакцината „Коронавак“, развиена од кинеската компанија „Синовак бајотек“, започна во Сао Паоло на крајот на јули, во соработка со бразилскиот институт „Бутантан“.

Оваа фаза на испитување опфати 9.000 волонтери кои живеат во главниот град и пет земји во Бразил.

„Си-ен-ен Бразил“ пренесува дека испитувањата биле прекинати откако еден волонтер имал сериозни несакани ефекти.

Не беа дадени дополнителни објаснувања поради политиката на приватност, а институтот „Бутантан“ објави дека ќе одржи прес-конференција.

Вакцината Коронавак, која содржи неактивни вирусни клетки, беше една од водечките кандидати од Кина.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ вчера објави дека нивната вакцина против коронавирус покажала ефикасност во 90 проценти од случаите.

Share
Scroll to Top