Бразил ја надмина бројката од 300.000 починати од Ковид-19

пред 3 години

Во Бразил, вкупниот број на смртни случаи од пандемијата со коронавирус надмина 300.000 лица.

Вкупно 300.685 луѓе починаа во Бразил од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство, бидејќи земјата се бори со експанзија на случаи препишани на локалниот бразилски вид на вирусот за која се верува дека е повеќе заразен.

Во Бразил моментално има најголем број на починати во пандемијата.

Просекот е повеќе од трипати поголем отколку на почетокот на годината, а просекот за минатата недела беше 2273 лица.

Претседателот Жаир Болсонаро претходно објави дека формирал кризен комитет за борба против пандемијата, што претставува промена на насоката среде растечкиот притисок поради пандемијата со коронавирусот.

Екстремно десничарскиот претседател вети дека никој нема да ја политизира пандемијата.

„Животот е на прво место“, додаде тој.

Share
Scroll to Top