Британскиот министер за трговија Крис Брајант денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп греши кога вели дека е опасно за Велика Британија да ги зајакне своите деловни врски со Кина.
„Да, греши. Секако, ние влегуваме во нашите односи со Кина со широко отворени очи“, рече Брајант, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека би било „искрено лудост за Велика Британија да го игнорира присуството на Кина на светската сцена“ и потсети дека Трамп треба лично да ја посети Кина во април.
Британскиот премиер Кир Стармер вчера се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на неговата посета на Пекинг, кога беше договорена соработка меѓу двете земји во неколку области, а како резултат на средбата меѓу двајцата лидери, Кина ги откажа визите за британските граѓани.
Денес, Стармер ја продолжува својата посета на Кина, а со него отпатуваа и педесет британски бизнисмени, пренесува Танјуг.
Текстот Британскиот министер со критика до Трамп: „Би било лудост да се игнорира Кина“ е превземен од МАКФАКС.






