Британски научници: Вакцините на „Фајзер“ и на „Астра зенека“ подеднакво ефикасни кај постари од 80 години

пред 4 години

Првата студија која директно го спореди имунолошкиот одговор на вакцините за коронавирус „Фајзер/ Бионтек“ и на „Астра зенека“ откри силен и сличен одговор кај луѓе постари од 80 години по првата доза на вакцината, велат британските научници.

Британската студија покажала дека клучната компонента на имунолошкиот систем позната како Т-клетки покажала посилен одговор кај оние кои примиле вакцина на „Астра зенека“ отколку кај оние кои примиле вакцина од „Фајзер/ Бионтек“.

Научниците кои анализирале примероци од крв од 165 лица во Велика Британија на возраст од 80 до 99 години кои ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус, велат дека откритието заслужува понатамошно опсежно истражување.

Антителата ја блокираат можноста на коронавирусот да навлезе во човечките клетки, а Т-клетките можат да дејствуваат како поширока одбрана со напад и уништување на секоја клетка заразена со коронавирусот.

Овие вакцини се еквивалентни и ефикасни во извлекувањето на одговори на антитела кај огромното мнозинство на луѓе, дури и по единечна доза, рече Пол Мос, професор по хематологија на британскиот универзитет во Бирмингем, кој е коавтор на студијата.

Двете вакцини се добри, рече тој за заклучоците од студијата.

Хелен Пари, професор на Универзитетот во Бирмингем, кој е коавтор на студијата, рече дека мнозинството од оние кои примиле вакцина на „Астра зенека“ во споредба со оние кои примиле „Фајзер / Бионтек“, имале одговор на Т-клетките што може да се утврди со тестови.

Ова откритие е дополнителен доказ што ги потврдува резултатите од претходните истражувања кои сугерираат дека антителата што спречуваат коронавирус да се поврзе со човечки клетки не може да биде единствениот важен елемент на имунитет, а Т-клетките исто така може да играат важна заштитна улога.

Приближно половина од населението во Велика Британија примило барем една доза на вакцина против коронавирус, што е една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

Share
Scroll to Top