Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде што граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат

пред 4 години

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија е единствената земја во светот каде што граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против коронавирус.

Таа потсети дека во борбата против Ковид-19, земјата изградила две нови болници, во Белград и во Крушевац.

„Почнавме масовна имунизација на нашите граѓани, Србија беше втора земја во Европа што обезбеди вакцини против Ковид-19, вакциниравме 520.000 лица, ревакциниравме 21.000 и ние сме единствената земја во светот каде што граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат“, истакна Брнабиќ.

Во Србија се врши имунизација со вакцината на „Фајзер“, со руската вакцина „спутник В“ и со кинеската вакцина на „Синофарм“. Брнабиќ вчера најави дека наскоро во Србија ќе пристигне и четврта вакцина.

Share
Scroll to Top