Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциско денеска повторно се подобри

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциско денеска повторно се подобри

пред 1 година

Здравствената состојба на папата Франциско денеска повторно се подобри, иако прогнозите остануваат претпазливи поради сложеноста на клиничката слика на 88-годишниот поглавар на Римокатоличката црква, соопшти Ватикан.

„Клиничката состојба на Светиот Отец продолжи да се подобрува денеска“, соопшти прес-службата на Ватикан, пренесе Анса.

Во соопштението се додава дека папата денеска наизменично ја менувал терапијата со кислород со висок проток и употребата на терапијата Вентимакс.

Текстот Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциско денеска повторно се подобри е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top