Ватикан: Папата е на физикална терапија, закрепнувањето оди добро

Ватикан: Папата е на физикална терапија, закрепнувањето оди добро

пред 2 часа

Папата Лав денес започна со физикална терапија, а неговото постоперативно закрепнување напредува како што се очекуваше, објави денес прес-службата на Светата Столица.

„Рентгенската снимка на градниот кош покажа добро закрепнување на оперираниот бел дроб. Тој ги извршува своите дневни активности самостојно. Неговата сесија за физикална терапија вклучуваше вежби за целосен опсег на движење“, се вели во соопштението, објави агенцијата „ANSA“.

Директорот на прес-службата на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека Папата „продолжува со своите работни активности“.

Поглаварот на Римокатоличката црква во вторникот беше подложен на торакална операција, за време на која му беше отстранет долниот лобус на десниот бел дроб. Постоперативната хистопатолошка анализа ја потврди дијагнозата за аденокарцином на белите дробови, како што имаше сомнежи врз основа на предоперативните прегледи.

Сè уште се чекаат резултатите од биопсијата.

Текстот Ватикан: Папата е на физикална терапија, закрепнувањето оди добро е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top