Вајдел по изборниот успех на АфД: Ние сме новата народна партија, Мерц треба да си замине

Вајдел по изборниот успех на АфД: Ние сме новата народна партија, Мерц треба да си замине

пред 4 часа

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, по денешните покраински избори ја прогласи својата партија за „народна партија“ и побара оставка од германскиот канцелар Фридрих Мерц, кого го нарече „слаб канцелар“.

„АфД очигледно е новата народна партија во Германија. Ја надминавме ЦДУ и народот сака политички промени“, изјави Вајдел.

Таа потоа порача дека, според неа, ЦДУ не може да продолжи со Мерц на чело.

„ЦДУ со Фридрих Мерц, со слаб канцелар, не може да продолжи“, изјави Вајдел по објавувањето на првите резултати од изборите одржани денеска во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин.

Во Мекленбург-Западна Померанија, АфД освои 37 отсто од гласовите според проекцијата на германскиот јавен сервис АРД, додека ЦДУ на Мерц освои 5,5 отсто и се соочи со својот најлош резултат на покраински избори во повоена Германија.

СПД е на второто место со 35,5 отсто од гласовите. И покрај првото место на АфД, останатите големи партии ја исклучуваат можноста за коалиција со партијата.

Во Берлин изборната слика е поинаква. Според последните резултати наведени во извештајот, Левица е на првото место со 25,3 отсто, пред ЦДУ со 19,1 отсто.

АфД е трета со 16,2 отсто, Зелените имаат 14,5 отсто, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) 12,1 отсто.

Изјавата на Вајдел следува по уште еден силен изборен резултат на АфД. Пред две недели партијата освои најмногу гласови и на покраинските избори во Саксонија-Анхалт.

Мерц, од друга страна, резултатот на ЦДУ во Мекленбург-Западна Померанија го нарече „катастрофа“, но порача дека ќе продолжи со реформскиот курс на неговата влада.

Текстот Вајдел по изборниот успех на АфД: Ние сме новата народна партија, Мерц треба да си замине е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top